Почетна » Новости » Занимливости » Денес е Светскиот ден на аутизмот

Денес е Светскиот ден на аутизмот

Денес по осми пат се одбележува Светскиот ден на аутизмот. Датумот 2 април е избран во 2007 година од страна на Генералното Собрание на Обединетите Нации, со цел да се сврти светското внимание кон аутизмот како растечки глобален здравствен проблем.

Аутизам

Аутизмот е нарушување на невролошкиот развој, кое го имаат десетици милиони луѓе низ светот, а кое кај мажите се јавува четирипати почесто отколку кај жените. Родителите на децата со аутизам најчесто ги забележуваат знаците во првите две години по раѓањето.

Секоја година на 2 април се организираат настани и активности кои целат да ја подигнат свеста на јавноста за аутизмот, да информираат за важноста на раната дијагноза и раната интервенција и да помогнат во собирањето на средства за потпомагање на лицата со аутизам.

Аутизам

Од 2010 година па наваму, на глобално ниво се одвива кампањата „Light it Up Blue“ (#LIUB на социјалните мрежи), во рамките на која со сино светло се осветлуваат знаменитости, истакнати објекти, згради, домови, училишта... Поддржувачите на кампањата можат да се вклучат преку носење на сина облека и охрабрување на други лица да го направат истото, носење на сини беџови, белегзии и други додатоци, или преку поставување на фотографија на социјалните мрежи под хаштагот #LIUB.

Аутизам

Иницијативата опфаќа седум континенти, 101 земја, 1.300 градови и 8.400 знаменитости и истакнати објекти. Минатата година и Македонија се вклучи во оваа кампања преку осветлување на Археолошкиот музеј во сино.

Што е аутизмот?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11413 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.