Почетна » Новости » Занимливости » Денес е Меѓународниот ден на пријателството

Денес е Меѓународниот ден на пријателството

Што и да правите, пронајдете време за пријателите, бидејќи денес во светот се одбележува Меѓународниот ден на пријателството.

Пријателство

Датумот 30 јули е избран од страна на Генералнотo coбраниe на Обединетите Нации со идејата дека пријателството помеѓу народи, земји, култури и индивидуи може да инспирира мировни напори и да изгради мостови помеѓу заедниците. Овој „празник“ за првпат бил прославен во 2011 година.

„На овој Меѓународен ден на пријателството да се потсетиме на врските кои нè зближуваат без разлика на расата, религијата, полот, сексуалната ориентација или границите“ – изјавил генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун.

Цитати за пријателството

„Понекогаш градиме ѕидови, но не за да ги спречиме другите да допрат до нас, туку за да видиме кој се грижи доволно за да ги сруши.“
Сократ

„Вистинскиот пријател ја гледа првата солза, ја фаќа втората и ја спречува третата.“
Непознат автор

„Пријател е личност која знае сè за тебе и сè уште те сака.“
Елберт Хабарт

Пријателство

„Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.“
Непознат автор

„Вистината е дека сите ќе те повредат. Ти само треба да ги пронајдеш оние за кои вреди за страдаш.“
Боб Марли

„Што е пријател? Една душа која живее во две тела.“
Аристотел

„Вистинските пријатели се како дијаманти, тие се скапоцени и ретки. Лажните пријатели се како лисја, ги има насекаде.“
Непознат автор

Пријателство

„Љубовта е единствената сила способна да трансформира непријател во пријател.“
Мартин Лутер Кинг

„Пријателството е деликатно како стакло. Кога еднаш ќе се скрши, може да биде поправено, но секогаш ќе има пукнатини.“
Вакар Амед

„Најдобриот пријател е како детелина со четири лисја. Тешко е да го најдеш, среќен си кога го имаш.“
Непознат автор

„Мој најдобар пријател е оној којшто го вади најдоброто од мене.“
Хенри Форд

Пријателство

„Нема ништо подобро од пријател, освен пријател со чоколадо.“
Линда Грејсон

„Добрите пријатели е тешко да ги пронајдеш, уште потешко да ги напуштиш и невозможно да ги заборавиш.“
Непознат автор

„Како што растеме, осознаваме дека помалку важно е да имаш многу пријатели, а поважно е да имаш вистински пријатели.“
Зијад К. Абдалнур

„Добриот пријател ги знае твоите најдобри животни приказни, најдобриот пријател ги доживеал заедно со тебе.“
Непознат автор

Пријателство

„Не е чудо да имаш милиони пријатели. Чудо е да најдеш пријател кој ќе биде покрај тебе кога милиони лица ќе бидат против тебе.“
Имам Али

„Добри пријатели, добри книги и заспана совест – тоа е идеалниот живот.“
Марк Твен

„Стремете се да имате пријатели, бидејќи животот без пријатели е како живот на пуст остров. Да пронајдеш еден вистински пријател во животот е добра среќа, да го задржиш е благослов.“
Балтазар Грасиан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11057 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.