Почетна » Новости » Занимливости » Дедо му дозволи на момче да верува дека тој е Дедо Мраз

Дедо му дозволи на момче да верува дека тој е Дедо Мраз

Децата се неверојатни, невини и искрени. Кога се радуваат, се радуваат со целото свое срце и немаат намера да ја кријат својата возбуда кога ќе видат нешто што го сакаат.

Мало момче останало со подзината уста кога за време на појадок во ресторан за брза храна ја видело најспоменуваната и најпопуларната личност во празничната сезона – Дедо Мраз. Всушност тоа бил Норман Волтерс, локален жител од областа Фергус во Онтарио, но на детето многу му наликувал на старецот со бела брада кој секоја година му остава подароци под новогодишната елка.

„Тоа е Дедо Мраз“ – рекло момчето.

Дедото со прекрасен карактер ја имал најневеројатната реакција. Тој умислено му дозволил на момчето да верува дека е Дедо Мраз од Северниот пол, потсетувајќи го дека треба да биде добар и да ја слуша мајка си.

Сведок на настанот бил Марк Харсон, кој ја раскажа случката на Facebook.

Мојата верба во човештвото беше обновена во понеделникот наутро, кога влегов во ресторан за брза храна во Фергус, Онтарио. Едно мало момче (околу 4-5 години) виде повозрасен господин и едноставно застана и го гледаше со страхопочит. „О Господе, тоа е Дедо Мраз!“

Возрасниот господин погледна надолу, му се насмевна и го праша дали веќе го има испратено своето писмо до него. Момчето рече „не“, но дека ќе го направи тоа вечерва.

Тој му возврати дека треба да биде добар кон својата мајка и сестра, бидејќи постојано го гледа. Потоа се збогува и му рече дека се враќа на Северниот пол за да ги заврши играчките со своите џуџиња.

На сите во ресторанот ни се насолзија очите (вклучително и мене!). На светот сепак останаа и прекрасни луѓе.

Норман Волтерс

Во интервју направено подоцна, Норман рекол дека многу се радува што успеал да долови што се крие зад ликот на Дедо Мраз: „Она што Дедо Мраз сака да го пренесе е да даваме. Ајде да даваме, а не да земаме“.

Марк и НорманМарк и Норман

My faith in humanity has been restored on a Monday morning. Walked into Tim Hortons in Fergus Ontario and this little...

Posted by Mark Hurson on понеделник, 16 ноември 2015

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10618 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.