Двегодишно девојче со Даунов синдром е на пат да стане модна ѕвезда благодарение на неодоливата насмевка и големите сини очи. Кони-Роуз Сиборн шармирала многу агенти откако нејзината мајка ги послушала советите на блиските и ја одвела на фотосесија во модна агенција.


Кони-Роуз била родена два месеци предвреме, но нејзините родители Џули и Питер дознале дека има Даунов синдром две недели по породувањето. „Уште кога бев бремена, ми кажаа дека има голем ризик бебето да биде со Даунов синдром и можев да направам дијагностички тест за да дознам, но не сакав, бидејќи не ми беше воопшто проблем. Имаме пријатели чии деца имаат Даунов синдром и имаме само позитивно искуство со децата со оваа дијагноза. Тоа е само уште едно мало бебе кое има потреба од љубов“ – рекла Џули.


Поради прекрасната насмевка и интересниот изглед на девојчето, Кони-Роуз брзо го добила својот прв моден договор. „Кога ќе им кажев на агенциите за нејзината дијагноза со Даунов синдром, на никого ни око не му трепнуваше“ – додала Џули и објаснила дека нејзината ќеркичка обожава да позира пред камера.
Сега, целта на Џули е да ја раскаже својата приказна и да им покаже на мајките на деца со Даунов синдром дека тие можат и ќе направат сè што прават сите други деца. „Твоето дете ќе направи сè што прави типично дете. Не го спречувај“ – вели таа.



