Почетна » Новости » Занимливости » Девојче болно од рак си ја исполни желбата и дефилираше на ревијата на Наим Кан

Девојче болно од рак си ја исполни желбата и дефилираше на ревијата на Наим Кан

Кога соништата стануваат реалност...

Фондацијата „Make-a-Wish“ постојано им остварува желби на болни дечиња, а дизајнерот Наим Кан помогна во усреќувањето на 11-годишно девојче болно од рак.

Малата Тринити Фејт Моран, која има рабдомиосарком во трет стадиум, дефилираше на ревијата на популарниот дизајнер во Њујорк.

Тринити и Кан Тринити и Кан

Малото девојче отсекогаш сакало да се дотерува и ги користело шминките на својата мајка. „Дури и кога помина низ хемотерапија и ја изгуби својата коса, таа не сакаше да носи каква било капа, туку капата мораше да одговара на нејзиниот аутфит“ – изјавила нејзината мајка Кимберли.

Последната терапија со зрачење на Тринити била во декември минатата година, но минатиот месец докторите утврдиле дека сè уште има агресивни тумори кои не исчезнале со лекувањето. Не знаејќи дали нејзината здравствена состојба ќе се подобри, родителите на Трините решиле да направат сè што е во нивна моќ за да ѝ ја остварат најголемата желба. Тие стапиле во контакт со добронамерната фондација, која веднаш прифатила да им помогне.

Со помош на Кан, еден обичен ден од животот на малата пациентка се претвори во најубавиот и најсреќниот спомен за неа.

Тринити и Кан Тринити и Кан

Наим и Тринити заедно ја дизајнираа специјална црвена креација која таа гордо ја носеше на модното шоу, на кое беше презентирана есенската колекција на Кан.

„Фондацијата „Make-a-Wish“ ми е многу блиска до срцето. Мери Алис Стивенсон, моја пријателка и стилистка, ми го привлече вниманието кон Тринити. Почестен сум што помогнав да се оствари ова за неа и нејзиното семејство“ – изјавил талентираниот моден креатор.

Тринити и Кан Тринити и Кан Тринити и Кан Кан и Тринити го дизајнираат специјалниот фустанКан и Тринити го дизајнираат специјалниот фустан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.