Абигејл Кингстон никогаш не сонувала за принцески невестински фустан или фустан од врвен дизајнер. Таа знаела дека на денот на нејзината свадба ќе ја носи венчаницата на својата мајка, која претходно била носена од 10 жени од нејзиното семејство, а била создадена во 1895 година.



Сепак, пред идната невеста од Пенсилванија стоел еден предизвик. Кога го извадила фустанот од кутијата каде бил чуван, тој бил во многу лоша состојба. „Мислев дека е невозможно да се поправи, дека нема да успеам да го носам“ – рекла таа.
Потребни биле 200 часа работа за нејзината дизајнерка да ја поправи венчаницата, но Абигејл е пресреќна што ќе може да ја носи. „Не станува збор само за предавање на фустанот, туку на љубовта“ – рекла таа.




Свадбата на Кингстон и нејзиниот свршеник Џејсон Куртис ќе се одржи на 18 октомври. Поради нежноста и деликатноста на фустанот, Абигејл ќе зачекори кон олтарот во сопствен фустан, а винтиџ венчаницата ќе ја облече за коктелот. „Венчаницата е многу, многу нежна“ – вели таа.
Првата невеста која ја носела венчаницата ѝ била пра-прабаба на Кингстон. Таа била внимателно чувано од мајката на секоја следна невеста.
Абигејл ќе биде единаесеттата невеста која ќе го носи фустанот стар 120 години. Таа ќе го надополни својот изглед со ланче и прстен кои ѝ припаѓаат на баба ѝ.









