Почетна » Новости » Занимливости » Девојка ја победи анорексијата, сега гордо ги покажува облините, салото, целулитот...

Девојка ја победи анорексијата, сега гордо ги покажува облините, салото, целулитот...

Меган Џејн некогаш тежела помалку од 30 килограми и се измачувала во канџите на анорексијата, а денес се гордее со својата заоблена фигура и инспирира многумина да си го сакаат сопственото тело со сите маани.

Кога на 14 години ѝ била поставена дијагноза анорексија, Меган тежела 29,5 килограми. Со соодветна медицинска помош, таа физички закрепнала и нејзината тежина се вратила во нормала. Во долгиот процес на психичко лекување, нејзе ѝ помогнале стотици девојки на Instagram кои отворено ја покажувале љубовта кон своите тела, без оглед на несовршеностите. Следењето на позитивни тагови малку по малку ја насочувало Меган на вистинскиот пат.

Меган Џејн Меган Џејн Меган Џејн

„Не можев да живеам вечно мразејќи се себеси. Не сакав секогаш да сум на диета. Не сакав повеќе да ми биде перен мозокот од медиумските лаги за неодржливи идеали за телото. Длабоко во себе знаев дека слабото тело не се поистоветува со среќа, иако така нè учат“ – пишува таа на својот блог.

Меган Џејн Меган Џејн

Сега, преку описите на фотографиите на Instagram Меган испраќа силни пораки. „Понекогаш сè што ти треба е кратка маичка, сало на стомакот и малку целулит за да се чувствуваш навистина убаво. Сосе маани и сè.“ „Избирам да го сакам мојот стомак на сите фотографии. Тврдите делови, меките делови...“ „Твоето тело не е украс за гледање, тоа е алатка која ти овозможува да живееш. Па, живеј! Живеј најдобро што можеш. Живеј во моментот.“

Меган Џејн Меган Џејн Меган Џејн Меган Џејн

„Сите ние сме труени од свет кој профитира од тоа што ги мразиме нашите тела и ако имаа пронајдено начин, ќе бевме врзани на тоа место засекогаш – плаќајќи за нивната невозможна замисла за перфекција со нашите пари, со нашата самодоверба и со нашата среќа“ – пишува Меган, нагласувајќи дека секој има моќ да се ослободи од тие синџири за да престане да живее според туѓите очекувања.

Меган Џејн

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11445 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.