Почетна » Новости » Занимливости » Девојка која била исмејувана поради влакнестото лице стана манекенка со брада

Девојка која била исмејувана поради влакнестото лице стана манекенка со брада

Хернам Каур се вброи меѓу жените кои ги менуваат светските стандарди за убавина. 25-годишната девојка, која од тинејџерка била исмејувана поради влакнестото лице, стана манекенка. Самоуверената Британка им ја соопшти веста на своите следбеници на Instagram и напиша дека е првата манекенка со брада која дефилирала на ревија на познат дизајнер за накит.

Хернам Каур Хернам Каур

Каур страда од синдром на полицистични јајници и како последица на тоа се бори со зголемена влакнетост од својата 11-та година. Во минатото, таа постојано си го депилирала или бричела лицето, но и покрај тоа, била исмејувана од своите врсници.

Наместо да се затвори меѓу четири ѕида, Каур одлучила да го следи својот сон да стане модел и успеа во тоа. Таа со крената глава ја отвори ревијата на дизајнерката за накит Маријана Харутунијан на Royal Fashion Day, кој се одржува во рамките на Лондонската модна недела.

Во описот на објавата на Instagram, Каур напиша:

Пораснав со America’s Next Top Model и ѝ се восхитував на Тајра Бенкс со целото срце. Отсекогаш сакав да бидам како убавите модели, па се сеќавам дека го копирав начинот на кој чекореа и позираа. Пораснав слушајќи дека сум многу дебела, грда и одвратна за модел. Ми велеа дека никогаш нема да стапнам на модна писта.

Ги гледав моделите и си велев себеси дека никогаш нема да имам можност да го правам она кое тие го прават. Дека не сум доволно убава или доволно привлечна и дека го немам „вистинскиот“ тип на тело. Ми се смееја кога реков дека сакам да бидам модел.

Сега јас им се смеам на оние кои ме малтретираа.

Имав доволно голема среќа да дефилирам за Маријана Харутунијан како првата дама со брада која некогаш дефилирала за славен дизајнер за накит. Слободно можам да кажам дека сум првиот модел кој дефилирал и отворил ревија на Royal Fashion Day со портрет од легендарниот Дејвид Боуви кој гледаше во мене.

Хернам Каур

Секоја патека е моја модна писта. Чекорете со високо крената глава и излачувајте самодоверба секогаш (моето животно мото).

Соништата се исполнуваат!

Хернам тврди дека си ги сака своите црти кои луѓето ги нарекуваат „недостатоци“ зашто тие ја прават она што е и сака да ги инспирира луѓето да се сакаат онакви какви што се.

„Си ја сакам брадата, стриите и моите лузни. Овие елементи ме прават она што сум, тие ме надополнуваат и ме комплетираат. Мојата брада 100% стана дел од моето тело. Таа ми е извор на сила и самодоверба. Луѓето ја гледаат брадата само како влакна, но мојата брада за мене е многу повеќе од тоа. Ја чувам мојата брада за да му покажам на светот различна, самоуверена, разнообразна и силна слика од жена... Си ја сакам мојата женствена брада и секогаш ќе си ја ценам“ – рекла таа.

„Сите ние сме несовршено совршени“ – смета Хернам.

Неодамна Хернам сними фотосесија за Rock N Roll Bride.

Хернам Каур Хернам Каур Хернам Каур Хернам Каур

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11193 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.