Почетна » Новости » Занимливости » Девојка згрижи 97 улични кучиња во својот дом за да ги спаси од ураганот Доријан кој однесе 20 животи

Девојка згрижи 97 улични кучиња во својот дом за да ги спаси од ураганот Доријан кој однесе 20 животи

Чела Филипс заслужува огромен аплауз. Добродушната девојка од Насау, Бахами, спаси 97 улични кучиња од силниот ураган Доријан, засолнувајќи ги во својот дом.

Чела објави фотографии од кучињата на Facebook, заедно со порака: „97 кучиња се во мојата куќа и 79 од нив се во мојата спална соба. Од синоќа тука е навистина лудо, има урина и измет насекаде, но барем го почитуваат мојот кревет и никој не се осмели да скокне на него. Нашиот остров можеби нема да биде погоден толку силно како другите, но најтажниот дел е што откако ќе замине ураганот од Бахамите, некои острови ќе имаат потешкотии во опоравувањето. На секој остров има изобилство од бездомни кучиња. Срцето ми е скршено за оние кои немаат место каде да се засолнат и само Бог може да ги заштити сега.“

Кучиња Кучиња Кучиња Кучиња Кучиња Кучиња

Ураганот досега однесе 20 животи и уништи десетици илјади домови. Нејзината куќа била забарикадирана пред островот да биде погоден од второто најсилно невреме во историјата.

„Секое мое бебе заслужува да има топол дом, па ве молам, ве преколнувам да им помогнете. Срцето ми се крши бидејќи оставив толку многу од нив низ улиците, бидејќи немав повеќе простор каде да ги сместам“ – дополнила Чела.

Кучиња Кучиња Кучиња Кучиња Кучиња Кучиња

Откако помина бурата, Чела објави порака за да сподели дека таа и кучињата се добро.

„Јас и моите 97 спасени кучиња сме безбедни и преживеавме низ Доријан засега! Ветрот звучеше како воз кој не поминува, беше прегласно, вода влегуваше низ рамките на прозорците и од под вратите, кучињата беа исплашени. Се обидов да играм со нив, да им пеам, им ја дадов сета храна која ја имав, само за да им го одвлечам вниманието од вревата на ураганот. Сè уште не можам да ги пуштам кучињата надвор бидејќи доаѓаат нови бури“ – пишува таа.

Филипс работи во засолништето за кучиња „The Voiceless Dogs of Nassau, Bahamas“, кое го основала пред четири години.

Чела Филипс Чела Филипс Чела Филипс Чела Филипс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11083 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.