Почетна » Новости » Занимливости » ДВЛМ со донација за Специјална Олимпијада Македонија

ДВЛМ со донација за Специјална Олимпијада Македонија

Државна видеолотарија на Република Македонија во склоп на својата визија за општествено одговорна компанија, продолжи во своите настојувања да ги потпомогне оние кои имаат потреба од поддршка, негувајќи ја идејата за еднаков третман на сите во општеството. Tимот на Државна видеолотарија на РМ со донација ги охрабри членовите од Специјална Олимпијада Македонија во остварувањето на нивниот предизвик – учество на Летните олимписки игри во Лос Анџелес.

Од 25 јули до 2 август во Лос Анџелес, САД, се случуваат Летните Олимписки Игри на Специјална Олимпијада. Станува збор за најголемиот глобален, спортски и воедно хуманитарен настан, на кој 7.000 атлети и 3.000 тренери од 177 земји ќе се натпреваруваат во 25 олимписки спортови и ќе ја демонстрираат храброста, решеноста и спортскиот дух пред повеќе од половина милион директни навивачи на спортските арени.

Специјална Олимпијада Македонија

На овој настан годинава, учество има и Специјална Олимпијада Македонија со најголема олимписка делегација во историјата на Македонија. Македонската делегацијата на овие Олимписки игри ќе учествува со 18 атлети кои ќе се натпреваруваат во 4 спортски дисциплини: пливање, пинг-понг, атлетика и јунифајд кошарка (тим составен од регуларна популација и лица со интелектуална попреченост во развојот), 5 тренери и 3 делегати, вкупно 26 лица.

„Овој настан е прилика нашата екипа да ја развие својата физичка кондиција, да се радува и забавува, но и да го почувствува натпреварувачкиот дух, а тоа веруваме дека ќе има позитивен одраз врз секој поединец“ – вели член на оваа екипа. Токму затоа, тимот на Државна видеолотарија на РМ на сите членови на Специјална Олимпијада Македонија им посакува успех во реализацијата на оваа убава мисија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27018 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.