Почетна » Новости » Занимливости » „Дали ми веруваш?“: Муслиман со врзани очи бара прегратка од минувачи

„Дали ми веруваш?“: Муслиман со врзани очи бара прегратка од минувачи

Муслиманите низ светот често се мета на стереотипните сфаќања на луѓето и неретко се нарекувани „терористи“.

Групата STHLM Panda направи социјален експеримент со кој тестираше колку жителите на Стокхолм им веруваат на луѓето од исламска вероисповед. Во видеото е прикажан брадест муслиман кој стои на улица со врзани очи и раширени раце. Пред него е поставен знак на кој пишува: „Јас сум муслиман, тоа не е исто со терорист. Дали ми веруваш? Јас тебе ти верувам“.

Иако на почетокот минувачите не обрнуваат внимание на натписот на Ашкан, подоцна еден по еден започнуваат да го прегрнуваат, покажувајќи му ја својата доверба.

„Ти верувам“, „Се разбира дека ти верувам“, „Те сакам господине“, „Не сум муслиман, но те почитувам“, „Чувствувам љубов од тебе“, „Ова е толку убаво“ – се само некои од речениците кои Швеѓаните му ги кажуваат на Ашкан во видеото.

Вкупно 142 лица избраа да му подарат прегратка на Ашкан.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10615 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.