Почетна » Новости » Занимливости » Да прославиме за човечноста: Денес е Светскиот ден на хуманоста

Да прославиме за човечноста: Денес е Светскиот ден на хуманоста

Светот денес се поклонува пред хуманитарните работници кои секојдневно несебично спасуваат животи и покрај тоа што ги ризикуваат своите и се потсетува на лицата чиј живот згаснал за време на хуманитарна мисија.

Секоја година на 19 август се одбележува Светскиот ден на хуманоста. Датумот е избран во чест и сеќавање на 22 хуманитарни работници кои беа убиени во бомбашки напад на канцеларијата на Обединетите Нации во Багдад на 19 август 2003 година.

#ShareHumanity #ShareHumanity #ShareHumanity

Илјадници луѓе низ светот секојдневно оставаат свој печат, извршувајќи работа достојна за восхит, но за жал некои од нив ја плаќаат највисоката цена. Само во 2014 година, 120 хуманитарци ги загубија своите животи, помагајќи им на други, а 329 работници биле жртви на насилни напади. Денешниот ден има за цел да нè потсети на нив, на нивното дело, на жртвите кои тие ги дале за да го направат светот подобро место за живеење.

По повод овој ден, беше иницирана дигиталната кампања #ShareHumanity која ги кани луѓето да донираат простор на своите профили на социјалните мрежи за да пренесат приказна за лица кои минуваат низ некоја од најголемите кризи на денешницата или за инспиративна личност која собрала храброст да направи чекор напред за да го направи светот подобро место за живеење.

Бан Ки-мун испрати порака дека со донирање на простор на социјалните мрежи можете да им дадете глас на безгласните и да поттикнете хуманитарни активности. Над половина милијарда лица од целиот свет се вклучија во кампањата.

Повеќе од 100 милиони лица во светот имаат потреба од итна хуманитарна помош. Повеќе од 60 милиони лица се принудени да се иселат поради криза, што е најмасовното принудно иселување по Втората светска војна.

Не чекајте! Инспирирајте ги своите пријатели преку пример или приказна и „дајте им глас на безгласните“.

#ShareHumanity #ShareHumanity #ShareHumanity #ShareHumanity #ShareHumanity #ShareHumanity

Информирајте се за кампањата на http://www.worldhumanitarianday.org/

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27472 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.