Почетна » Новости » Занимливости » Грижлив сопруг изгради мини Ајфелова кула за саканата болна од рак

Грижлив сопруг изгради мини Ајфелова кула за саканата болна од рак

Предан сопруг од Минесота изгради мини верзија на Ајфеловата кула за својата сакана болна од рак.

Арни Лило е добро познат по создавањето креативни уметнички дела од челик, а неговата најнова креација е доказ дека постои вистинска љубов. 77-годишниот дедо изгради Ајфелова кула висока речиси 14 метри за неговата сопруга да може да ја гледа од прозорецот на спалната соба.

Ајфелова кула

Арни и Џенис се во брак 57 години. На Џенис ѝ бил дијагностициран рак на белите дробови во трет стадиум во февруари 2014 година. Откако одбила секаков вид на лекување, докторите ѝ дале само неколку месеци живот. „Докторите ѝ дадоа два до пет месеци максимум, но таа е сè уште тука“ – рекол Арни.

Ерни и Џенис Ајфелова кула

Џенис по потекло е од Франција, па малата верзија на познатата знаменитост од Градот на светлината ѝ значела премногу. „Кога ја гледам, тоа ми значи премногу, бидејќи тој ја изгради за мене. Тој е добар човек. Мина низ сите овие проблеми само затоа што ме сака“ – изјавила 74-годишната бабичка.

Ајфелова кула

Тоа не е единствен челичен објект кој Арни го изградил за својата сакана. Арни имал направено повеќе украси и порта за цветната градина, а нивната изработка му помагала да се справи со тешката болест на својата сопруга.

Ајфелова кула Ерни и Џенис

„Сфаќаш дека ќе го изгубиш својот партнер за неколку месеци. Беше тешко, но помогна тоа што таа беше силна. Го прифати тоа, беше многу силна и сè уште е“ – рекол Арни.

Вљубениот пар има два сина, една ќерка и три внуци.

Ерни и Џенис Ајфелова кула

„Тоа е веројатно највредното нешто што го поседувам“ – рекол грижливиот маж и додал дека неговите дела ќе бидат трајно потсетување за љубовта која ја чувствува кон Џенис.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.