Ниту еден момент не трае вечно.
Заљубен маж од Мичиген, сакајќи да ги памети засекогаш моментите поминати со својата сакана сопруга, создаде илустрации од интересните мигови од нивното секојдневие.
Куртис Виклунд, кој работи како свадбен фотограф, секој ден прави цртежи со кои ги документира добрите и лошите ситуации од заедничкиот живот со сопругата Џордин.
Позитивен тест за бременост, запросување, настинки, слатки расправии и топли прегратки се само дел од миговите од нивниот живот кои се претставени на цртежите.
Куртис вели дека добивал многу позитивни коментари и дека луѓето кои ја следат неговата работа чувствувале како подобро да ги запознаваат, следејќи го нивниот личен живот преку илустрациите. „Започнав дневен блог за цртежи неодамна кога мојата сопруга Џордин правеше проект – Photo 365. Многу од цртежите беа само од нас двајцата. За време на таа година, многу луѓе ни кажуваа дека чувствуваат како да нè запознаваат подобро преку цртежите, како тие да им дозволуваат да ѕирнат во нашиот личен живот“ – пишува тој.
На илустрациите кои ја раскажуваат приказната на Куртис и Џордин, важно место зазема нивното мало синче.
Бремени сме
Ќе ме сакаш ли сè уште кога ќе изгледам вака?
Роден за пливање
Сè уште си мој Валентин
Мојот совршен роденден
По туширање, пред лак за коса
Искачување на тато
Сезона на настинки
Нашето враќање дома од Икеа
Нашата божиќна елка
Ја сакам толку многу
Мојата заспана девојка
Чешкање на грбот како седатив
Очила за скијање и кромид
Кога жена ми е надвор од градот, јас заборавам да јадам или да спијам
Запросувањето
Нашиот прв бакнеж
Иста месечина, но разделени
Планирање на буџетот
Ноќна рутина
Сè уште учам нови работи за мојата сопруга секој ден. Таа е професионален бојаџија.
Глупава кавга
Се смеевме многу денес
Таа е убава
Венеција, еден ден
Мојот Валентин
Среќна годишнина
За кратко време ми е роденден
