Почетна » Новости » Занимливости » Гест вреден за аплаузи: 8-годишно дете утеши расплакано аутистично момче на првиот училиштен ден

Гест вреден за аплаузи: 8-годишно дете утеши расплакано аутистично момче на првиот училиштен ден

Првиот училиштен ден знае да биде стресен за секое дете.

Фотографии од моментот кога 8-годишно момче се обиде да го утеши својот вознемирен соученик на првиот ден во школо, инстантно се распространија низ светот.

Имено, кога Кристијан го здогледал Конор, кој има аутизам, како плаче во ќошот, знаел што треба да направи. Тој ја зел неговата рака и заедно зачекориле кон влезот во училиштето.

Конор и Кристијан

Фотографиите ги сподели мајката на Кристијан а во описот напиша:

„Многу се гордем со син ми. Тој виде дете, чие име сега знам дека е Конор, пикнат во ќошот како плаче. Па, тој отиде да го утеши, ја зеде неговата рака и влезе заедно со него во училиштето.“

„Не знаевме дека има аутизам. Неговата мајка секој ден стравува дека некој ќе му се смее бидејќи не зборува правилно, дека ќе му се смеат бидејќи не седи мирно или дека повремено скока и плеска со рацете.“

„Чест е да се расте вакво грижливо и сочувствително дете. Тој има големо срце. Првиот училиштен ден започна добро.“

„Не е битна бојата на кожата, полот или инвалидитетот. Бидете љубезни. Отворете го срцето. Тоа ни е потребно во овој свет. Еден љубезен чин може да промени нечиј живот.

Стотици лица упатија пофални зборови за грижливиот гест на Кристијан.

Конор и Кристијан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9508 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.