Војвотката Кетрин и принцот Вилијам положија цвеќе за да им оддадат почит на петте лица кои загинаа во хеликоптерската несреќа пред еден месец.
Кралскиот пар отпатува во Лестер, каде им изрази сочувство на сопругата, синот и ќерката на Вичаи Шриваданапраба, газдата на клубот Лестер Сити, кој загина во несреќата.



На тажната церемонија, Кетрин носеше сив палто-фустан од Кетрин Вокер.













Вичаи беше во хеликоптерот со уште четири лица. Непосредно по полетувањето од стадионот „Кинг Пауер“, хеликоптерот се урна и за жал, падот беше фатален за секој од патниците. 60-годишниот бизнисмен со Лестер Сити направи сензација пред две години, кога тимот победи во англиската Премиер Лига.