Почетна » Новости » Занимливости » Вирално видео: Маж ја изненади сопругата соопштувајќи ѝ дека е бремена

Вирално видео: Маж ја изненади сопругата соопштувајќи ѝ дека е бремена

Маж успеа тајно да направи тест за бременост и да ја изненади сопругата, соопштувајќи ѝ дека очекуваат трето дете.

Сем, кој е медицинско лице, имал претчувство дека неговата сопруга Нија е бремена откако таа му пратила порака и му рекла дека ѝ доцни менструацијата две недели. За да дознае дали неговите сомнежи се оправдани, тој купил тест за бременост и се вратил дома. Знаејќи дека Нија не пушта вода во тоалетната школка кога уринира навечер поради страв да не го разбуди бебето, тој искористил примерок од урината за да го направи тестот.

Во видеото, откако тестот потврдува дека Нија е бремена, тој веднаш се упатува во кујната каде таа ги храни двете нивни деца и ѝ ја кажува големата вест.

За да биде сигурна дека резултатот е точен, Нија на крајот прави уште еден тест за бременост.

Видеото досега има над 3,4 милиони прегледи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27018 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.