Тара Вајтман поседува Instagram профил кој секој корисник на популарната социјална мрежа би посакал да го има. Нејзините фасцинантни и внимателно избрани фотографии се визуелен рај во кој ќе потонете за миг. Секој аутфит и секоја позадина се одлично осмислени, а резултатот ќе ги одушеви дури и лицата со изострено око.
24-годишната Австралијка, која стои зад блогот „Tara Milk Tea“, има сплетено мрежа од над 1 милиони следбеници.
Неуморната авантуристка ита од една дестинација на друга и ги овековечува своите патувања со хармонични фотографии.