Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Ја запроси саканата, оддавајќи му почит на нејзиниот покоен татко

ВИДЕО: Ја запроси саканата, оддавајќи му почит на нејзиниот покоен татко

Тајлер долго време знаел дека сака да го помине остатокот од животот со својата сакана Хејли. Тој дури и си го замислувал денот кога ќе ја побара нејзината рака од татко ѝ Грег. Но, за жал, таткото на Хејли починал минатата година, пред Тајлер да успее да побара благослов.

Кога по седумгодишна врска Тајлер одлучил да ѝ предложи брак на Хејли, тој прво побарал дозвола од нејзините браќа и сестра. Во креативното видео, тој пронашол начин и како да го вклучи најважниот маж во животот на Хејли – нејзиниот татко.

„Драг Грег, ќе се оженам со ќерка ти. Отсекогаш си замислував како еден ден ќе побарам твој благослов, а сега дојде тој ден. Посакувам да беше тука да ми ја предадеш твојата малечка, па ветувам дека ќе бидам повеќе отколку што некогаш си посакувал. Сакам да бидам мажот кој ќе ѝ покажува љубов и трпение и ќе ѝ дава сè што ѝ е потребно. Ќе ѝ кажувам точно колку убава е и ќе ѝ покажувам како да верува во себе. Ќе се грижам за неа. Сакам да ѝ подарам искуства за какви што луѓето само сонуваат и да ја сакам безусловно, зашто не би сакал да го видам светот со некој друг“ – со овие зборови Тајлер му се обраќа на Грег.

Видеото го вклучува и самиот момент кога Хејли ќе му рече „Да“. Тајлер ја запросил на улица во Рим.

„Ќе направам со гордост да ме нарекуваш свој син“ – со оваа реченица Тајлер го завршува својот монолог.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11484 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.