Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Ѕвездата на Барселона Луис Суарез изненади момче болно од рак

ВИДЕО: Ѕвездата на Барселона Луис Суарез изненади момче болно од рак

Уругваецот Луис Суарез често е сметан за „лошо момче“ поради неговите испади на фудбалските терени, но пред неколку дена тој ја покажа својата добра страна. 28-годишната ѕвезда на ФК Барселона преку видео повик изненади момче болно од рак.

Во видеото, младиот Матео од Уругвај, кој веќе две години води битка со ракот, влегува во фондацијата „Перез Скремини“, мислејќи дека преку Skype ќе се консултира со специјалист од Шпанија. Но, она што Матео не го знае е дека „докторот“ не е никој друг туку неговиот идол Луис Суарез.

Погледнете го емотивниот момент кога Суарез ќе се појави на екранот наместо очекуваниот доктор.

Суарез постојано го нарекува Матео „шампион“ за да го охрабри да продолжи со неговата битка и да ги следи советите на докторите. „Знаеш дека си шампион, нели? Ти си многу храбар, ти си борец и мораш да продолжиш така“ – му вели Суарез на Матео, ветувајќи му дека ќе му испрати еден од дресовите со кои игра на терените. Се разбира, Матео не може да си ги задржи солзите.

Суарез е покровител на фондацијата „Перез Скремини“, заедно со сопругата Софија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11474 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.