Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Трансформацијата на куче кое беше „кожа и коски“

ВИДЕО: Трансформацијата на куче кое беше „кожа и коски“

Кучето Батерскоч буквално било кожа и коски кога било пронајдено на улиците на Џерси Сити, Њу Џерси.

10-месечниот мелез тогаш тежел само 10,5 килограми, а неговите видливи коски би го наежиле секој љубител на животни. Благодарение на организацијата Animal Alliance, денес Батерскоч тежи 22 килограми и е подготвен за нов дом.

Откако го спасиле од улица, ветеринарите му направиле операција на преслабото куче за да ги отстранат сите предмети кои тоа ги имало голтнато во обид да го наполни својот празен стомак. Потоа следувале повеќе третмани со витамини и диета за зголемување на тежината.

Ветеринарите кои му помогнале на Батерскоч признаваат дека никогаш не виделе послабо и понеухрането куче. Наскоро се очекува спасеното куче да ја достигне својата идеална тежина (25-27 килограми).

Погледнете ја шестнеделната трансформација:

Батерскоч

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.