Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Станувањето родител низ очите на татко на девојче со церебрална парализа

ВИДЕО: Станувањето родител низ очите на татко на девојче со церебрална парализа

Приказната на татко на девојче со церебрална парализа покажува колку е различно татковството во реалноста од она што тој си го замислувал пред да стане родител.

Боб Морејн, кој работи во The Telegraph, по повод Денот на таткото, создаде анимиран мемоар кој го прикажува неговото трнливо патување низ татковството, но и важните лекции кои ги научил од него. Имено, на ќерката на Боб непосредно по раѓањето ѝ била дијагностицирана церебрална парализа проследена со епилепсија.

„Не се сеќавам да бев исплашен или згрижен за тоа што ќе станував татко, но тоа беше така зашто бев убеден дека ништо нема да тргне наопаку“ – вели Боб на почетокот на видеото, а потоа започнува да раскажува за неговото реално искуство, за беспомошноста и губењето на контрола над ситуацијата, но и за борбата и силата на двајца родители, за нивната пожртвуваност и надеж.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11432 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.