Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Средба на две девојчиња чии срца чукаат надвор од градите

ВИДЕО: Средба на две девојчиња чии срца чукаат надвор од градите

Вирсавија Борун, девојчето чие срце чука надвор од градите, има нова специјална другарка. Малите хероини, кои се нарекувани медицински чуда и секојдневно ги „рушат“ прогнозите на докторите, се сретнаа во Тексас за да си покажат една на друга дека не се сами.

Видеото го следи зближувањето на девојчињата со иста здравствена состојба.

Вирсавија Борун и Одри Вирсавија Борун и Одри

Малата Одри била родена со срце надвор од градите, па докторите прогнозирале дека нема да живее повеќе од три дена. Тие морале да ја оперираат за да ѝ го вратат срцето во телото. Состојбата на Одри била вистински шок за мајка ѝ е Ешли. „Тоа беше најужасната вест која некоја мајка може да ја добие. Нејзиното срце беше надвор од нејзиното тело“ – рекла Ешли за Inside Edition.

Одри, исто како и нејзината нова другарка Вирсавија, секој ден му покажува на светот дека чуда навистина се случуваат. 3-годишното девојче досега има одраснато неколку штитови, кои го штитат нејзиното деликатно срце.

Одри Одри Вирсавија Борун и Одри

„Таа има убаво срце, исто како мене“ – ѝ рекла малата Одри на мајка си откако се сретнала со Вирсавија.

Но, новото пријателство не само што ѝ покажало на малата Одри дека има и други деца како неа, туку и ѝ дало надеж на мајка ѝ дека нејзината ќерка еден ден ќе порасне. „Таа знае низ што поминува и е неверојатно што имаше можност да сретне и друго дете со истата состојба. Тоа ни даде надеж дека Одри еден ден ќе има 6 години“ – вели Ешли.

Вирсавија Борун и Одри

Сторијата за Вирсавија го обиколи светот на почетокот од месецов, давајќи им надеж на многу родители кои се во слични ситуации.

Вирсавија Борун Вирсавија Борун

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11248 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.