Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Спасувањето на кученце со сечена нога фрлено во река

ВИДЕО: Спасувањето на кученце со сечена нога фрлено во река

Видеото од спасувањето на куче со сечена нога кое било фрлено во река нема да ве остави рамнодушни. Беспомошното кученце било малтретирано, а потоа фрлено од околу 10 метра височина во река во Лос Анџелес.

Волонтери од невладината организација „Hope For Paws“ го извлекле исплашеното животинче од реката, а неговото спасување и закрепнување е документирано во 3-минутно емотивно видео.

Кучето, кое подоцна го добило името Џордан, морало веднаш да биде пренесено во ветеринарна болница.

Џордан страдал од сериозна бактериска инфекција, кожна болест и неухранетост, па за ветеринарите било вистинско чудо што ги преживеал деновите во реката. По неколку дена кученцето го добило соодветниот оперативен зафат на ногата.

Денес, Џордан е весело и разиграно куче, кое бара траен дом. Неговото закрепнување е доказ дека не треба да губиме надеж ниту во најочајните моменти.

„Иако Џордан ја изгуби својата нога, тој никогаш не ја изгуби својата надеж“ – се вели на крајот од видеото во кое е документирана 45-дневната трансформација на Џордан. Погледнете го:

Џордан Џордан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11421 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.