Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Социјален експеримент со премрзнато момче

ВИДЕО: Социјален експеримент со премрзнато момче

Социјален експеримент со момче кое глуми дека е бездомник и моли за помош го обиколи светот. Видеото за само три дена е прегледувано над 3,4 милиони пати на YouTube.

Во видеото, на температура од -15°C момче по маица со кратки ракави и парталави фармерки се тресе од студ и бара помош од минувачите. Во еден момент дури и влегува во голема црна вреќа за да се стопли. Околу два часа никој не застанува да му помогне.

По долгото чекање, бездомник од другата страна од патеката му приоѓа на момчето. Човекот го прашува што се случило и каде се неговите родители. Откако момчето му вели дека родителите го напуштиле, добродушниот човек го покрива со својата јакна и му дава пари за храна.

Експериментот е направен од двајцата браќа на премрзнатото момче, кои биле трогнати од несебичното дело на бездомникот. На крајот од видеото тие му се заблагодаруваат за хуманата постапка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.