Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Слепа трудница го „гледа“ лицето на нероденото бебе благодарение на 3D принтер

ВИДЕО: Слепа трудница го „гледа“ лицето на нероденото бебе благодарение на 3D принтер

За идните родители прегледите со ултразвук се едни од најсреќните и најемотивните моменти. Тогаш тие го запознаваат минијатурното суштество кое за неколку месеци ќе го нарекуваат свое чедо.

Татјана Гура на преглед со ултразвук можела да го слушне чукањето на срцето на бебето, но не можела да го види, бидејќи го изгубила видот кога имала само 17 години.

Во краткиот филм на емотивен начин е прикажан моментот кога докторите ќе ѝ дадат уникатна можност да го „види“ своето синче преку испечатена скулптура.

За време на прегледот, 30-годишната трудница го прашува докторот како изгледа нејзиниот син Мурило. „Неговиот нос наликува на твојот и неговите две мали очиња се затворени“ – ѝ одговара докторот и ја прашува како таа си го замислува бебето.

„Ох, го замислувам... неговиот нос како малечко компирче, малечка уста и буцкасто мало раче. Едвај чекам да го помирисам“ – вели таа, мислејќи дека ќе треба да поминат месеци за да го допре лицето на синчето.

Но, докторот ѝ дава шанса на Татјана да ужива во посебниот момент како и секоја друга мајка. Тој се враќа во просторијата со скулптура од ликот на Мурило направена со 3D принтер. „Јас сум твојот син“ – пишува на горниот дел од скулптурата со Брајово писмо.

Татјана Гура

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11465 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.