Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Роналдо за рака со детето од Сирија кое беше сопнато со татко си од камерманка во Унгарија

ВИДЕО: Роналдо за рака со детето од Сирија кое беше сопнато со татко си од камерманка во Унгарија

Видео во кое камерманката Петра Ласло сопнува сириски бегалец, кој го носи во рацете своето дете, неодамна го обиколи светот. Кристијано Роналдо излезе на фудбалскиот терен во Марид држејќи го за рака малото детенце, во знак на поддршка на бегалците кои пристигнуваат во Европа.

Роналдо и Заид

Унгарската камерманка беше снимена неколкупати како сопнува сириски бегалци, а едни од жртвите беа Осама и неговиот мал син Заид, кога се обидуваа да ја преминат српско-унгарската граница. Фудбалскиот клуб Реал Мадрид реши да ја покаже својата поддршка и ги покани Осама и неговите два сина да бидат почесни гости на натпреварот со ФК Гранада.

Осама и синот Мухамед гордо набљудуваа од трибините, додека малиот Заид, кој беше повреден при падот, чекореше на фудбалскиот терен заедно со Кристијано Роналдо.

Роналдо и Заид Роналдо и Заид Роналдо и Заид

„Реал Мадрид е мој тим и на моето семејство. Во Сирија сонувавме за да гледаме натпревар на Реал Мадрид, а сега тоа ќе се оствари. Навистина сум среќен“ – вели Осама во изјава објавена од шпанскиот фудбалски клуб. Тој се надева и дека неговата жена и другите две деца, кои се во камп за бегалци во Турција, ќе можат да им се придружат во Шпанија.

Роналдо и Заид Роналдо и Заид Роналдо и Заид Роналдо и Заид

Осама тренирал фудбалски тим во Сирија, па сега му беше понудена работа во училиште за спорт во близина на Мадрид.

Сириското семејство со тимот на Реал МадридСириското семејство со тимот на Реал Мадрид

Еве и видео од моментот кога камерманката ги сопна Осама и Заид.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11421 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.