Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Роденденско изненадување за медицинската сестра која работи и на 90 години

ВИДЕО: Роденденско изненадување за медицинската сестра која работи и на 90 години

Флоренс „Сиси“ Ригни е инспиративна 90-годишна старица, која по речиси 70 години работен стаж беше прогласена за најстара медицинска сестра во Америка. Верувале или не, таа сè уште не отстапува од своето работно место.

Во чест на нејзините достигнувања, колегите од болницата во Вашингтон ѝ приредија изненадување за нејзиниот 90. роденден. Тие ја дочекаа со песна, широки насмевки и голем букет и ѝ ставија роденденска круна и розова лента.

Флоренс Сиси

Во видеото од роденденското изненадување, една од вработените во болницата чита писмо за Флоренс од Гувернерот на Вашингтон, Џеј Инсли. Во него, тој ја прогласува за најстарата медицинска сестра во Америка и ја нарекува инспирација за сите граѓани на Вашингтон.

„Ми се допаѓа што сум способна да им помагам на луѓето. Чувствувам дека сум благословена што сум тука“ – рекла Сиси.

„Сè уште може да трча во кругови околу луѓето кои се на половина од нејзината возраст. Таа е голема инспирација за сите нас, бидејќи сè уште работи и сè уште има бистар ум“ – рекла нејзина колешка.

Сиси сега работи двапати неделно. И покрај тоа што поминале речиси седум децении од нејзиниот прв работен ден, таа сè уште ја врши саканата професија со истата енергија и посветеност.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11475 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.