Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Провокативен танц на тинејџерки од Русија поттикна критики и истрага

ВИДЕО: Провокативен танц на тинејџерки од Русија поттикна критики и истрага

Провокативен танц на млади Русинки поттикна лавина остри критики и полициска истрага. Тинејџерките од школата „Кредо“ од Оренбург разлутија стотици илјади лица со непристојно „тверкање“.

Неполнолетните членки на школата беа снимени додека танцуваа на сцена во црно-портокалови трикоа и мини здолништа. Видеото „Пчелки и Вини Пух“ досега има речиси 5,5 милиони прегледувања и над 18.000 коментари. Настапот е инспириран од цртан филм.

Мнозинството гледачи се согласуваат дека овој тип танцување е непристоен и вулгарен за девојки на тинејџерска возраст и бараат одговорност од раководителите на школата. Откако видеото започна засилено да се шири на социјалните мрежи, руските власти започнаа истрага и привремено го затворија танцовиот клуб.

Кредо

Директорката на школата, Викторија Јаковенко, изјавила дека родителите на девојките биле запознаени со активностите и дека од сите имала добиено дозвола. Таа и дополнила дека е изненадена од скандалот кој се крена околу танцот, бидејќи според неа, на интернет можело да се најдат и попровокативни танци.

Се смета дека девојките се на возраст од 16 години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11475 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.