Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Предлог за брак инспириран од хит-серијата „Пријатели“

ВИДЕО: Предлог за брак инспириран од хит-серијата „Пријатели“

Креативно момче ѝ приредило на својата девојка, која е опседната со „Пријатели“, предлог за брак на кој не можела да каже „не“.

Кога Митеш Џадва од Лондон одлучил дека сака да го помине остатокот од животот со својата сакана Аниша, тој веднаш знаел како да ја запроси. Бидејќи Аниша била огромен фан на хит-серијата „Friends“, тој пресоздал сцена од најавната шпица на популарната комедија и ја одвел својата сакана таму за да ѝ го постави најважното прашање.

Во видеото, Аниша и Митеш поминуваат по патека осветлена од свеќи и седнуваат на кауч идентичен на оној од „Пријатели“. Потоа пет пејачи започнуваат да ја изведуваат популарната „I’ll Be There For You“, на што 25-годишниот Англичанец клекнува и ја прашува својата 23-годишна девојка дали ќе се омажи за него. Се разбира, одговорот е „ДА“.

Предлог за брак инспириран од „Пријатели“ Предлог за брак инспириран од „Пријатели“ Предлог за брак инспириран од „Пријатели“ Предлог за брак инспириран од „Пријатели“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11241 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.