Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Романтичен предлог за брак со рачно изработен шкаф за накит

ВИДЕО: Романтичен предлог за брак со рачно изработен шкаф за накит

Блејк ѝ приреди огромно изненадување на својата девојка Карли на нивната втора годишнина и заслужено е нарекуван Дечко на годината.

Внимателно осмислениот предлог за брак изнуди река од солзи радосници кај среќната девојка.

На 9 октомври Блејк ѝ подарил на Карли шкаф за накит кој сам го изработил. Во секоја фиока имало мал подарок, како миризлива свеќа или омилените слатки на Карли. Во последната фиока се криел најважниот подарок – веренички прстен.

Во 13-минутното видео, возбудената девојка полека ги отвора сите фиоки и со широка насмевка на лицето го разгледува шкафот. На крајот таа не може да ги задржи солзите. „Блејк е најневеројатниот маж на светот и помислата дека ќе бидам со него засекогаш ми донесе поплава од емоции – сите позитивни, се разбира. Кога го видов прстенот, почувствував пеперутки во стомакот и како што можете да видите во видеото, плачев МНОГУ! Бев навистина среќна во тој момент“ – изјавила Карли за Huffington Post.

Фактот што самото изненадување не е помпезно и што во него е вложен многу труд, посветеност и љубов го прави овој предлог за брак навистина специјален.

Самиот предлог започнува во 8. минута од видеото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10385 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.