Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Педијатар покажува како да смирите расплакано бебе за неколку секунди

ВИДЕО: Педијатар покажува како да смирите расплакано бебе за неколку секунди

Плачењето на бебето е едно од нештата кои најмногу ги вознемируваат и растревожуваат новите родители. Педијатар ја откри својата тајна како ги смирува малите пациенти за да им помогне на мајките и татковците полесно да ги надминат првите месеци од животот на детето.

Доктор Роберт Хамилтон 30 години работи со бебиња и новороденчиња. Па, ако некој може да се пофали дека за неколку секунди може да смири расплакано бебе, тоа е неспорно тој. Во текот на долгите години додека работел како педијатар, Хамилтон развил своја техника која ја нарекол „The Hold“.

Во видеото, Хамилтон покажува како се изведува техниката на две мали бебиња, кои инстантно престануваат да плачат.

Сепак, д-р Роберт објаснува дека при изведувањето на техниката треба да се следат четири правила:

  1. Преклопете му ги рацете на бебето преку градите;
  2. Со едната рака нежно држете му ги рачињата за да не може да ги мрда;
  3. Со другата рака фатете го во пределот на пелената;
  4. Нишајте го, држејќи му го телото под агол од 45⁰. Целта е бебето да не може да ја зафрли главата назад.
View post on imgur.com

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11473 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.