Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Неверојатна трансформација на куче кое беше „кожа и коски“

ВИДЕО: Неверојатна трансформација на куче кое беше „кожа и коски“

Куче изгладнувано со месеци било спасено од сигурна смрт, кога било згрижено од здружение за спасување на животни. Видеото од неговото закрепнување нема да ве остави рамнодушни.

Кучето, сега наречено Ангел, буквално било кожа и коски кога го пронашле спасувачите од „Rescue from the Hart“. Тоа тежело нешто помалку од 5 килограми, а 11 месеци подоцна, со соодветната грижа и нега, неговата тежина се искачила до 17 килограми. Од здружението претпоставуваат дека кучето било намерно изгладнувано и велат дека Ангел е доказ за тоа дека кога постои надеж, сè е возможно.

„Органите започнуваа да откажуваат. Беше на работ на смртта“ – изјавила Ени Харт, основачот на здружението. На почетокот, тие не смееле да му даваат храна во големи количини и кучето не можело самостојно да застане на нозе. Сега без проблем може слободно да трча и да си игра.

Кучето Ангел Кучето Ангел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.