Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Младоженец шест недели учел индиска песна за да ја изненади саканата на свадбата

ВИДЕО: Младоженец шест недели учел индиска песна за да ја изненади саканата на свадбата

Луѓето прават луди работи кога се заљубени. Младоженец цели шест недели посветено го учел текстот на љубовна индиска песна за да ја изненади својата сакана на свадбената прослава.

За да го направи свадбениот ден уште поспецијален, Френк Грегоар најпрво планирал да напише поема и да ѝ ја посвети на својата идна сопруга Симран Малхотра. Но, откако го прочитал текстот на баладата „Tum Hi Ho“, која му предложила мајката на Симран, тој знаел дека тоа е најдобриот избор за да ја изненади девојката која му го заробила срцето.

„Откако го прочитав преводот, сфатив дека не би можел да пронајдам нешто посовршено за да ги изразам моите чувства за неа“ – рекол внимателниот Канаѓанец, кој воопшто не знае хинди.

„Tum Hi Ho“ е балада од боливудски филм и говори за почитувањето на единствената вистинска љубов и стравот да се помине животот без таа љубов.

„Срцето ми се растопи кога го слушнав да пее на хинди. Тоа беше чувство кое никогаш претходно го немам почувствувано“ – изјавила Симран за The Huffington Post.

Свадба

Видео од свадбата

Во видеото од прославата, Френк ја пее емотивната балада и свири на пијано, додека неговата сакана и гостите не можат да си ги задржат солзите-радосници.

Свадба Свадба Свадба

По прекрасната изведба, на талентираниот младоженец му се придружува и неговиот вујко Марк за да изведат блесава песна, која ја смислиле за време на божиќна прослава во Монтреал. На крајот од видеото, Марк ѝ кажува на расплаканата невеста дека тоа што се пее во песната, „WaWaWaWa“, всушност значи „Ние те сакаме“.

Видеото за само неколку дена е прегледувано над 2 милиони пати на YouTube.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.