Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Маж ја породува сопругата дома, бебето започнало да се раѓа пред да тргнат на болница

ВИДЕО: Маж ја породува сопругата дома, бебето започнало да се раѓа пред да тргнат на болница

Маж ја породил својата сопруга на подот од дневната соба, откако бебето започнало да се раѓа пред да тргнат на болница.

Кога 24-годишната Британка Холи Даусон го разбудила сопругот Мартин во 3.30 часот по полноќ, тие мислеле дека имаат доволно време за да се подготват и смирено да стигнат до болница. Но, бебето Изабел Оливија имало друг план и се родило 40 минути по будењето на неговите родители.

Видео

Предупредување! За некои лица видеото може да биде вознемирувачко.

Додека Мартин ги подготвувал потребните нешта за на болница, меѓу кои и камерата за снимање, болките на Холи станувале сè посилни и посилни. „Ги подготвив сите нешта за камерата за на болница, но додека слегував по скалите Холи започна да вика од болка и паника – бебето доаѓаше многу побрзо одошто си замислувавме. Холи се смести на подот на средина од дневната соба. Мајка ми Поли успеа да дојде прилично брзо и им се јави на акушерките на телефон додека јас ѝ помагав на Холи“ – рекол подоцна Мартин.

„За среќа успеав да го снимам целиот настан. Возбудливо е да можеш да го гледаш повторно тој специјален момент“ – рекле новите родители.

Медицинскиот тим пристигнал по раѓањето на новороденчето, кое е тешко 3,5 килограми и е во одлична здравствена состојба.

Изабел Оливија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9532 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.