Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Маж дознава дека ќе стане татко по 17 години неуспешни обиди за дете

ВИДЕО: Маж дознава дека ќе стане татко по 17 години неуспешни обиди за дете

Маж, кој дознава дека ќе стане татко по 17-годишни неуспешни обиди за дете, стопли милион срца низ светот. Прекрасната вест дека очекува син му ја соопшти саканата, која претходно имала 4 спонтани абортуси и едно мртвороденче, а неговата среќна реакција беше овековечена со видео.

Дана Грифин-Грејвс и Аркел Грејвс се обидувале да имаат дете уште откако стапиле во брак пред 17 години.

По 4 спонтани абортуси и едно мртво родено бебе, парот од Вирџинија изгубил секаква надеж. Тие пред пет години речиси се откажале од помислата дека ќе станат родители.

Откако не можела да ја намали тежината и покрај тоа што била физички активна, Дана решила да посети доктор. Веста дека е бремена во петти месец била најубавиот и најнеочекуваниот момент во нејзиниот живот. „Бев пресреќна. Ништо не планиравме, не се ни обидувавме“ – изјавила таа за BuzzFeed.

Видеото од реакцијата на Аркел ќе биде бесценет спомен за среќното семејство.

Бременост

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.