Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Емотивно изненадување на воен пилот за неговата мајка

ВИДЕО: Емотивно изненадување на воен пилот за неговата мајка

Воен пилот ѝ приреди емотивно изненадување на мајка си за Денот на мајката и насолзи милиони очи низ светот. Младиот војник преку трогателни зборови ѝ се заблагодари на жената која е заслужна за неговиот живот, а потоа ја изненади со тоа што допатува кај неа за лично да ѝ подари букет.

Видеото започнува со прашањето „Кога за последен пат ѝ кажавте на својата мајка колку многу ја сакате?“ Потоа, мајката Синди гледа видео-порака од синот Рајан Брид.

Синди го израснала Рајан сама, а откако тој станал дел од армијата, нивните средби станале многу ретки. За последен пат тие се сретнале пред две години, кога Брид поминувал низ Сан Диего на пат за Јапонија. Цели два часа Синди возела само за 45-минутна кафе-средба со саканиот син.

Погледнете го видеото во кое Рајан ѝ се заблагодарува на мајка си, а кое досега е прегледано речиси 11 милиони пати.

„Ми даде толку многу. Не знаев колку многу се жртвуваше за мене, сè додека не пораснав. Кога бев на колеџ, дознав дека си сакала професионално да се занимаваш со спорт, но си забременила со мене и си морала да избираш. Знаеше дека не можеш да ги имаш и двете, па се откажа од својот сон за да ме одгледаш мене. Ме одгледа најдобро што знаеше... Разбирам колку ти беше тешко и ти благодарам многу“ – вели 37-годишниот командант со насолзени очи.

„Ти беше светлината која ме водеше, а јас зедов сè што ми даде и избегав со него. Поради тебе стојам тука денес како татко, сопруг, командант во морнарицата... Најмногу од сè сакам кога ќе ме погледнеш, да видиш добар човек каков што сакаше да стане твоето мало момче. Горд сум што те нарекувам моја мајка. Горд сум што сум твој син. Ти ме направи мажот којшто сум денес. Те сакам со целото мое срце“ – вели Рајан пред да се појави пред својата мајка.

Изненадувањето било направено во соработка со компанијата за доставка на цвеќиња „Teleflora“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11429 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.