Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Емотивниот настап на пејач кој го расплака Сајмон Кауел на „X Factor“

ВИДЕО: Емотивниот настап на пејач кој го расплака Сајмон Кауел на „X Factor“

Емотивниот настап на Џош Даниел разбуди многу чувства кај публиката на британското шоу „X Factor“, а не го остави рамнодушен ниту Сајмон Кауел.

Строгиот судија не успеа да ги задржи солзите откако ја слушна баладата „Jealous“ отпеана од Даниел. 21-годишниот натпреварувач објасни дека ја избрал песната во чест на својот најдобар пријател кој починал пред 3 години и дека текстот за песната за него има поинакво значење.

Аудицијата била одржана кратко време по смртта на мајката на Кауел, па најверојатно тоа е причината што тој беше толку трогнат од настапот.

Сајмон Кауел

Емоциите ја надвладеаја и Шерил Фернандез-Версини, која му подари прегратка на талентираниот изведувач.

Шерил Фернандез-Версини

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11080 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.