Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Артистката од која се откажа цело жири, за потоа да ѝ се извини во „Швајцарија има талент“

ВИДЕО: Артистката од која се откажа цело жири, за потоа да ѝ се извини во „Швајцарија има талент“

Артистката Корин Зутер ќе ве одушеви со својот талент.

30-годишната Швајцарка настапи на шоуто „Швајцарија има талент“ , но на почетокот не наиде на позитивна реакција од публиката и жирито. Сепак, во нејзиниот случај, крајот навистина го красеше делото.

Во видеото, Корин започнува да го црта едниот член на жирито, но нејзината уметност им делува здодевно на сите присутни. Публиката молчи, а судиите веднаш ги притискаат црвените копчиња, што значи дека Корин не поминува понатаму. Сепак, талентираната сликарка успева со неколку потези да направи „магија“ на таблата и да го претвори господинот Гилберт Грес, во неговиот колега Блиг.

Жирито потоа ѝ се извинува на емотивната учесничка во шоуто и со три „ДА“ и едно „НЕ“, таа продолжи во следниот круг.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11566 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.