Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: 900.000 деца од целиот свет со песна ја подигнуваат свеста за ракот кај децата

ВИДЕО: 900.000 деца од целиот свет со песна ја подигнуваат свеста за ракот кај децата

Повеќе од 900.000 деца од целиот свет се „обединија“ за со песна да ја подигнат свеста за ракот кај децата. Проектот Child4Child беше спроведен во текот на месец јануари по иницијатива на организацијата за поддршка на деца болни од рак „Childhood Cancer International“.

Во видеото, претставници на најмладата популација ја пеат песната „We Are One“ за да го свртат вниманието на светската јавност кон децата кои се соочуваат со рак. Учесниците ги отпеаја охрабрувачките зборови од песната со цел да ги поддржат своите врсници во нивната борба против болеста.

„Секој ден на 700 деца им е дијагностициран рак. Во јануари, деца од целиот свет одлучија да го кренат својот глас“ – пишува на почетокот на видеото.

Песната е дело на Кристоф и Софи Бек и Дејвид Голдсмит.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.