Почетна » Новости » Занимливости » В понеделник започнува Саемот на студии во Франција

В понеделник започнува Саемот на студии во Франција

В понеделник (2 ноември) во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи Саемот на студии во Франција, во организација на Францускиот институт во Скопје и одделот за високо образование Кампус Франс во Скопје.

Саемот ќе биде официјално отворен во 12.30 ч., од страна на Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, амбасадор на Франција и г-дин Абдулаќим Адеми.

Саем на студии во Франција

Овогодишното издание на Саемот на студии ќе понуди разновидна програма и присуство на претставници или алумни (поранешни и/или сегашни француски стипендисти и дипломци) на околу 30 француски универзитети. Тие ќе бидат присутни за разговор со заинтересираните за студирање во Франција. Воедно, предвидена е и програма за онлајн разговори со македонски студенти, кои во моментов престојуваат во Франција.

Освен тоа што студентите, професорите и родителите ќе можат конкретно да се информираат за различните студиски програми кои ги нудат француските високообразовни институции, на овој саем ќе биде промовирана и новата програма за пракса во успешни француски компании.

Овој настан е дел од Регионалниот патувачки саем на студии во Франција, кој посетува повеќе земји на Балканот: Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.

Програма [PDF]

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11419 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.