Почетна » Новости » Занимливости » Болничар го избави од сигурна смрт педијатарот кој го спасил него пред 26 години

Болничар го избави од сигурна смрт педијатарот кој го спасил него пред 26 години

Докторите секојдневно спасуваат животи, но не очекуваат ништо за возврат.

Кога д-р Мајкл Шенон го спасил животот на предвремено родено бебе во 1985 година, не можел ни да претпостави дека судбината ќе си поигра со него и дека истото тоа „бебе“ ќе го избави од сигурна смрт 26 години подоцна.

Д-р Мајкл Шенон и Крис ТрокиКрис Троки (лево) и д-р Мајкл Шенон (десно)

Пред точно 4 години, Шенон, кој работи како педијатар, доживеал тешка сообраќајна несреќа при која неговиот автомобил останал заглавен под камион. Пожарникарите веднаш одговориле на повикот за помош, но возилото на Шенон веќе било зафатено од огнените јазици.

Пожарникарскиот тим успеал да го изгасне огнот и да го извлече заробениот доктор, но поради сериозноста на изгорениците, тој веднаш бил пренесен во болница. Два од неговите прсти на нозете биле ампутирани.

Д-р Мајкл Шенон

Болничарот Крис Троки бил еден од првите луѓе кои стигнале на местото на несреќата. Кога Троки го посетил спасениот доктор на болница, сфатил дека тоа е истиот човек кој пред 26 години се изборил за неговиот живот. „Не знаев за тоа додека не отидов во болница и не започнав да разговарам со д-р Шенон“ – изјавил подоцна Троки.

Крис Троки

Крис бил роден предвремено и тежел само 1,5 кг, кога докторите констатирале дека шансите да преживее се 50:50. Но, д-р Шенон во ниту еден момент не се откажал од него и останал на работа сè додека не се уверил дека здравствената состојба на новороденчето е стабилна.

Сега, д-р Шенон е горд што го гледа Крис пораснат и е среќен што се вратил во неговиот живот кога му бил најпотребен. „Чувството да ги гледам бебињата пораснати е неверојатно, но вистинско чудо е што едно од нив се врати во мојот живот дента кога навистина имав потреба од тоа“ – рекол Мајкл.

Д-р Мајкл Шенон и Крис Троки

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9461 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.