Почетна » Новости » Занимливости » Божиќно изненадување: Сестри добија братче откако родителите го посвоиле без да им кажат

Божиќно изненадување: Сестри добија братче откако родителите го посвоиле без да им кажат

Реакцијата на три сестрички, кои за првпат го гледаат својот брат, ќе ве исполни со позитивни емоции. Нивните родители го посвоија малото бебенце без да им кажат и ги израдуваа, ставајќи го под новогодишната елка.

Божиќ е време за изненадувања, семејни моменти, радост и неочекувани подароци, а сето тоа е споено во видеото на семејството Солстад.

Кортни и Стив непосредно пред празниците го добија најубавиот подарок за Божиќ – синчето кое конечно стана дел од нивното семејство и пристигна во нивниот топол дом. Брачниот пар реши да подготви незаборавно изненадување за своите ќерки. Погледнете ги нивните реакции кога ќе го здогледаат малото бебе под елката:

„Девојчињата не знаеја ништо за Нејтан сè до овој момент. Ги сретнавме на вратата и им кажавме дека бевме излезени на божиќно пазарување и дека имаме подарок за нив... и тој беше под елката!“ – пишува мајката во описот на видеото на Facebook.

Нејтан Нејтан

Ова семејство несомнено го доби најубавиот подарок за Божиќ.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.