Почетна » Новости » Занимливости » Божиќната реклама за осамен чувар ќе ве исполни со позитивни емоции

Божиќната реклама за осамен чувар ќе ве исполни со позитивни емоции

Нова божиќна реклама освојува срца низ светот. Шпанската лотарија создаде видео кое покажува дека луѓето не ги забораваат малите добри дела.

3-минутното видео ја раскажува приказната за осамен чувар кој работи ноќна смена во фабрика за кукли. Животот на Хустино е заглавен во рутина, но тој не дозволува тоа да му ја уништи среќата.

Хустино наоѓа начини за да се забавува додека е на смена и редовно им приредува изненадувања на колегите за да им го разубави денот. Иако тие малку го познаваат, тој успева да им даде причина за да се насмеат секогаш кога ќе пристигнат на работа.

Еден ден вработените во фабриката дознаваат дека се добитници на божиќната лотарија. Хустино мисли дека не е вклучен во големата победа и прославите, но го очекува изненадување.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.