Почетна » Новости » Занимливости » Блогерка објаснува зошто децата се 800% полоши во присуство на нивните мајки

Блогерка објаснува зошто децата се 800% полоши во присуство на нивните мајки

Дали сте забележале дека вашите деца „полудуваат“ штом ќе се вратите дома? Или можеби честопати слушате дека децата ви биле вистински ангели додека не сте биле таму, но дека збеснале штом вие сте се појавиле?

Блогерката Кејт Балтротски дава свое видување зошто е тоа така. Како мајка на две ќерки, Кејт често слушала од својот сопруг слични заклучоци, а откако прочитала сатирично истражување кое тврдело дека децата се 800% полоши во присуство на мајките, решила да го напише следниов текст:

Мајка и деца

„Цел ден со мене беа супер, но во моментот кога те видоа тебе, полудеа! Не разбирам!“ Ова редовно ми го вели мојот сопруг.

Завчера читав смешен текст со наслов „Истражување: Децата се 800% полоши кога нивните мајки се во собата“ (лажно истражување). Се пресмеав кога го прочитав насловот, но веднаш штом го прочитав текстот, сфатив дека е лажно. И покрај тоа што истражувањето е лажно, концептот е точен! Децата се 800% апсолутно полоши кога се во близина на нивните мајки... но, зошто???

Бидејќи ВИЕ, мајките, сте нивното безбедно место. ВИЕ сте местото каде можат да дотрчаат со сите свои проблеми. Ако вие не можете да подобрите одредена ситуација... па, кој друг би можел?

ВИЕ, драги мајки, сте кантите во кои можe да се фрлат сите непријатни чувства и емоции.

Ако детето ги потиснувало чувствата во себе цел ден за одредена непријатна ситуација, во моментот кога ќе ве здогледа, знае дека конечно може да ги ослободи.

Тоа значи ослободување на сè... цимолење... плачење... итн. Тоа е последното нешто со кое би сакале да се справувате кога ќе се вратите од пријатно излегување или ќе се вратите уморни по завршување на работниот ден, но тоа е она што ние, како мајки, го добиваме: невоздржано покажување на искрени емоции, кое нè шамари по лицето во секундата кога ќе влеземе низ вратата.

Ако сте пречекувани на вратата со цимолење и врескање, тоа не значи дека сте ги разгалиле вашите деца. О не... не дозволувајте некој да ви вели така.

Може да се каже дека сте создале доволно безбедно место за вашето дете да може да си дозволи да биде природно.

Патем, НАВИСТИНА, НАВИСТИНА е важно вашите деца да бидат природни во изразувањето на нивните чувства и емоции, како и во нивните телесните функции. Сите посакуваме нашите деца да имаат развиена емоционална интелигенција и самоконтрола, нели?

Па, сфатете го тоа како добар знак.

Дали вашите деца започнуваат да мрмкаат, да плачат, да се жалат и да ве следат штом ќе влезете низ вратата? Сфатете го тоа како знак дека ве сакаат и следниот пат кога тоа ќе се случи знајте дека ви испраќам многу љубов, бидејќи знам дека ве полудува!!! Тие чуваат сè за вас.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.