Почетна » Новости » Занимливости » Близначки кои стапија во брак со близнаци на заедничка свадба сега истовремено се бремени

Близначки кои стапија во брак со близнаци на заедничка свадба сега истовремено се бремени

Идентичните близначки Британи и Бријана се омажија за идентичните близнаци Џош и Џереми пред две години, а нивната љубовна приказна го обиколи светот.

Сега, среќните сестри истовремено се бремени, а оваа вест ја соопштија преку интересна фотографија инспирирана од популарниот филм „Чувари на плажата“.

„Погодете што? И двата пара очекуваат бебенце. Возбудени сме и благодарни што бременостите ни се поклопуваат и што ја споделуваме оваа вест со вас. Нашите деца не само што ќе бидат братучеди, туку генетски повеќе како родени браќа и сестри. Едвај чекам да се запознаат меѓусебно“ – пишуваат близначките.

Џереми и Џош ги запросија своите сакани заедно, на свадбата невестите носеа идентични венчаници, а младоженците идентични костуми, а сега ќе имаат можност и заедно да ги растат своите деца.

Британи и Бријана и близнаците Џош и Џереми Британи и Бријана и близнаците Џош и Џереми Британи и Бријана и близнаците Џош и Џереми Британи и Бријана и близнаците Џош и Џереми

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11085 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.