Почетна » Новости » Занимливости » 1 на 41 милион: Пар кој се борел со неплодност сега им се радува на своите ПЕТ бебиња

1 на 41 милион: Пар кој се борел со неплодност сега им се радува на своите ПЕТ бебиња

Пар кој се борел со неплодноста раскажа за моментот кога дозна дека ќе има пет бебиња одеднаш.

Адам и Даниел Басби се запишаа во историјата како прв и засега единствен пар во САД кој добил пет женски бебиња одеднаш и оттогаш постојано привлекуваат внимание со слатките фотографии од своите девојчиња. Парот има уште една поголема ќерка. Сите деца се зачнати со инсеминација.

Семејство Басби Семејство Басби Семејство Басби Семејство Басби Семејство Басби Семејство Басби

Адам и Даниел се запознале во 2003 година, а кратко време по нивното стапување во брак, одлучиле дека сакаат да станат родители. По повеќе од една година неуспешни обиди за зачнување, докторите им предложиле да започнат со третман за неплодност. Следувала уште една измачувачка година без позитивен тест за бременост.

„Повеќе од една година се обидувавме со различни лекарства и процедури за инсеминација, но немавме среќа. Не можевме да си дозволиме инвитро, бидејќи многуте месеци поминати во процедури и посети кај специјалисти ги намалија нашите заштеди. Целосно се препуштивме во божји раце и рековме дека се обидуваме за последен пат. Му благодариме на Бог што таа последна процедура ни ја подари нашата ќерка Блејк. Не можевме ни да посакаме послатка мала принцеза од неа“ – пишува парот на својот блог.

Три години по раѓањето на нивната ќеркичка Блејк, желни за повеќе деца, Адам и Даниел одлучиле повторно да ѝ дадат шанса на истата процедура. Овој пат, позитивниот тест за бременост дошол по само два месеци.

Иако двајцата биле свесни дека веројатноста да се добијат близнаци со инсеминација е голема, ниту едниот, ниту другиот не очекувал ПЕТ бебиња. Веројатноста тоа да се случи е 1 на 41 милион.

„Кога ги видов петте бебиња на мониторот, започнав да се тресам и го испуштив кафето“ – раскажа Адам за првиот преглед кога ја доби веста за петте бебиња.

„Полудев, само повторував: Пет? Пет бебиња? Всушност ми беше смешно. Потребни ми беа неколку дена за да се соземам и за да се роди стравот. Но, исто така беше многу неверојатно. Ние сме родители кои две години се обидуваа да го добијат првото дете, а сега одеднаш добивме пет. Само си помислив: Ова е чудо и предизвик, но ние ќе се справиме со него“ – рекла Даниел, која одбила да абортира 2-3 бебиња по препорака на докторите и им дала шанса на сите да преживеат.

Сестричките Ева Лејн, Оливија Мери, Хејзел Грејс, Паркер Кејт и Рајли Пејџ се родиле со царски рез во 28-та недела од бременоста. Само две од девојчињата – Паркер Кејт и Хејзел Грејс се идентични близначки. Сега сите имаат по 15 месеци и одлично напредуваат.

Семејство Басби Семејство Басби Семејство Басби Семејство Басби

Ѕирнете во животот на Адам и Даниел преку нивните фотографии:

Семејство Басби Семејство Басби Семејство Басби Семејство Басби Семејство Басби Семејство Басби Семејство Басби Семејство Басби Семејство Басби Семејство Басби Семејство Басби Семејство Басби Семејство Басби Семејство Басби Семејство Басби Семејство Басби Семејство Басби Семејство Басби Семејство Басби Семејство Басби Семејство Басби Семејство Басби Семејство Басби Семејство Басби

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10398 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.