Почетна » Новости » Занимливости » Би сакале ли уште денес да се пензионирате?

Би сакале ли уште денес да се пензионирате?

Колку пати сте се разбудиле наутро и сте си рекле „Ех, да можев да останам дома наместо да одам на работа...“ Веруваме дека и многу пати сте посакале да се пензионирате уште веднаш и да имате повеќе време за нештата во кои навистина уживате.

Постои изрека која сите ја повторуваме „Годините брзо поминуваат“ и можеби на прв поглед таа ви звучи празна, но ајде да ја тестираме. Кога последен пат сте останале на журка до 5 часот наутро? Знаете ли дека премиерата на филмот „Титаник“ беше пред 19 години? Се сеќавате ли колку се радувавме на првото место на „Кометал Ѓорче Петров“ во Лигата на шампиони? Тоа беше пред 14 години!

Да, иднината брзо доаѓа и она што го правиме денес го дефинира нашето утре. Сите ние брзо ќе станеме пензионери, но тоа не значи дека нашиот живот во пензиските денови треба да биде поразличен.

За да го живеете животот во полн здив и по пензионирањето, прочитајте ги овие едноставни совети и уште денес направете нешто за вашата иднина.

Одете на спиење порано од вообичаено

Сон

Добриот, континуиран сон е наједноставниот лек за да се почувствувате свежо и помладо. Единствениот начин за вашето тело да ги обнови своите клетки е кога е во длабок сон. Поголема е веројатноста дека со напорниот и брз начин на живеење вие не го добивате потребниот 8 часовен сон. Затоа надокнадете го изгубеното со тоа што ќе ги откажете сите мали ноќни рутини кои ве задржуваат подолго пред телевизорот или пак во кујната и обидете се во период од 6 недели да си обезбедите 8-часовен ноќен сон. На овој начин вие ќе создадете здрава навика и со самото тоа ќе ја почувствувате разликата, благодарејќи на зголемената енергија како и намалените темни кругови околу очите.

Јадете ревитализирачка храна

Здрава храна

Додека работите на стекнувањето здрава навика во однос на вашиот ноќен сон не заборавајте да јадете оброци кои ќе го потпомогнат вашиот метаболизам и општата здравствена состојба. Секој ден започнете го со овошје или зеленчук и голема чаша вода.

Обезбедете си ја во текот на денот потребната количина на антиоксиданти од овошјето и зеленчукот и немате потреба секој пат да го прерипнувате десертот: Сè додека 90% од храната која ја консумирате е здрава, дозволете си да се разгалите со преостанатите 10%. Кога во рацете ќе имате сладолед во корнет, уживајте во него исто како кога бевте дете.

Дозволете си да се разгалите

Навистина, доколку само ве штипкаат и тапкаат по рамо, нема да го добиете златниот билет за вечната младост. Не ја потценувајте моќта на тоа да се грижите за вашиот изглед (да ги фарбате белите влакна, да купите фенси крема за лице).

Има голема разлика помеѓу тоа да се грижиш да изгледаш 10 години помладо и да се трудиш да изгледаш најдобро што може. Доколку ја пролонгирате виталноста на вашето лице, коса и тело ќе се чувствувате посамоуверено и помладо. Затоа, без нималку грижа на совест уживајте во посетата на салоните за разубавување! Бидејќи она што ќе го вложите во себе денес во иднина ќе ви се врати повеќекратно.

Внесете поинаква рутина

Дури и доколку правилно јадете, вежбате, ја користите потребната козметика, повторувањето на истата динамика секојдневно на крајот ќе ве направи да се чувствувате старо. Мозокот бара од време на време да го освежувате со новитети. За да се чувствувате помладо морате да го стимулирате организмот со нови асоцијации и нови работи.

Ова е уште познато како терапија на елктрошокови во однесувањето, иако не е болно како што звучи. Едноставно потребно е да направите неколку промени со кои ќе го прескокнете секојдневието, на пример сменете ја патеката по која одите до вашата работа или сменете го локалот од каде го купувате утринското кафе.

Вратете се назад во времето

Дали сакавте да слушате панк или рок музика кога бевте на факултет? Симнете неколку траки од The Doors или The Beatles на вашиот телефон или iPod. Можеби мислите дека носталгичното чувство ќе ве направи да се чувствувате старо, но истражувањето го покажува сосема спротивниот ефект.

Во една студија на Харвардскиот Универзитет, докажано е дека луѓето кои биле ставени во средина која ги потсетувала на нивната младост преку филмови, музика и воопшто меморија од минатото, доживеале подобрувања во однос на нивната способност за помнење, визија, ниво на среќа и сеопшта здравствена состојба. Нашиот „мајнд-сет“ е единствениот лимит, затоа направете нешто што навистина ќе ве врати назад во времето.

Играјте позитивно

Среќа

Природно е да бидете помеланхолични во однос на тоа како се чувствувавте кога имавте 18 години, имајќи во предвид колку стресни и болни можат да бидат одредени животни ситуации (природни катастрофи, развод, губење на работното место). Затоа финалниот чекор за да се почувствувате помладо е да ги избегнете негативните мисли. Идејата не е да ги негодувате и потиснувате непријатните ситуации туку повеќе да се фокусирате на работите кои ви одат од рака.

Доколку летот за вашиот семеен одмор е одложен, потсетете се дека сепак вие сте на пат со оние кои најмногу ги сакате. Да се негува чувството на оптимизам ќе ви овозможи повеќе позитивна енергија за да ве мотивира да правите работи карактеристични за помладешките години.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11500 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.