Моментот кога ќе се роди нов живот секогаш е неверојатен, полн со емоции и незаборавен, особено за новите родители.
Сè поголем е бројот на парови кои одлучуваат да ангажираат професионален фотограф кој ќе ги овековечи моментите на доаѓањето на нивните чеда на овој свет. За жал, кај дел од паровите овој момент е обвиен со неопислива тага поради непосакуваното губење на бебе.
И оваа година жирито на Меѓународната асоцијација на професионални фотографи за породувања си постави предизвик да ги одбере победничките фотографии од породувања. Натпреварот се организира 12-та година по ред.
„Вистинска љубов“
„Држење за раце“ – победничка фотографија
„Цела приказна во една фотографија“ – најдобра во категоријата „Постпартум“
„На утринската светлина“ – победник во „Породувања“
„Карактер“
„Рефлексија на раѓањето“
„Мамичке јас ќе ти помогнам со моето магично стапче“
„Здраво моја помала сестричке“
„Тежината на загубата“ – победник во „Тешкотија и загуба“
