Почетна » Новости » Занимливости » Безгрижно и среќно детство за сите! Денес е Светскиот ден на децата

Безгрижно и среќно детство за сите! Денес е Светскиот ден на децата

Децата се нашето најголемо богатство, наше наследство и наша гордост. Еден ден ги гледаме како со боси нозе шлапкаат во вировите, трчаат незапирливо и им раскажуваат приказни на своите плишени мечиња, за „утре“ да ги видиме како нè претставуваат во врвни институции, спасуваат животи во бели мантили и подучуваат други деца во училишните клупи.

Да помогнеме сите деца да имаат среќно и безгрижно детство. Денес се слави Светскиот ден на детето.

Девојче

Овој важен ден, посветен на најмалите се слави од 1954 година, а датумот 20 ноември бил избран од страна на Генералното собрание на Обединетите Нации. Празникот е создаден за да промовира еден вид на братство меѓу сите деца низ светот, градено врз разбирање и еднаквост. Втората цел е да се промовираат идеи и активности кои ќе ја зголемат благосостојбата на децата, особено во деловите погодени од сиромаштија, вооружени конфликти и дискриминација.

Датумот се совпаѓа со носењето на Декларацијата за правата на детето. Во Декларацијата се вели дека секое дете има право на живот, здравје, образование и игра, како и право на семеен живот, заштита од насилство и дискриминација и право на свое мислење.

Единственото нешто кое е заедничко за сите деца се нивните права. Секое дете има право да преживее и да се развива, да се образува, да живее без насилство и злоупотреба, да има свое мислење и да биде слушнато

Бан Ки-мун, генерален секретар на ОН

Деца работници во ГазаДеца работници во Газа

УНИЦЕФ денес ја започна кампањата за борба против неправичноста, а исто така го објави својот извештај за оваа година. „Во една генерација, светот ја преполови смртноста меѓу децата, им овозможи на 90% од децата да посетат основно училиште и го зголеми за 2,6 милијарди бројот на луѓе кои имаат достап до чиста вода за пиење. И покрај тоа, децата сочинуваат речиси една половина од сиромашните лица во светот, речиси 250 милиони деца живеат во земји зафатени од конфликти и повеќе од 200.000 деца си ги ризикуваа животите оваа година за да најдат прибежиште во Европа“ се вели во извештајот.

УНИЦЕФ УНИЦЕФ УНИЦЕФ

Во рамките на кампањата, амбасадорите на УНИЦЕФ како Шакира, Орландо Блум и Лиам Нисон го кренаа својот глас за поттикнат на акција во рамките на кампањата „Fight Unfair“. Во својата изјава, Орландо Блум зборуваше за својата посета на бегалците во Гевгелија.

Орландо Блум во Гевгелија

„Шокантно е кога ќе помислите дека едно на девет деца живее во земја зафатена од вооружен конфликт, е сведок на ужасни насилства и нема право на преживување, здравје и образование. Патував со УНИЦЕФ низ Македонија и Србија и видов како војната ги принудува децата и нивните семејства да ги напуштаат домовите. Светот се соочува со најголемата бегалска криза по Втората светска војна. Секоја земја која е во можност треба да им даде поддршка на загрозените деца и семејства“ – изјавил Блум.

УНИЦЕФ УНИЦЕФ УНИЦЕФ УНИЦЕФ УНИЦЕФ УНИЦЕФ УНИЦЕФ УНИЦЕФ

Денес покажете му на вашето дете колку го сакате, поминете квалитетно време со него, научете го на добри манири и уверете го дека е безбедно и заштитено во неговиот дом. Бидете хумани и донирајте облека или храна за најсиромашните дечиња и не го одминувајте детето-бездомник без да му помогнете.

Среќни семејства

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.